Едукативни предавања на тема “Важност и правилна грижа за менструалната хигиена”

Оваа активност е со финансиска поддршка од Општина Пробиштип од Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2024 година

Општинската организација на Црвен Крст Пробиштип реализираше шест едукативни предавања во училиштата за важноста и правилната грижата за менструалната хигиена.

Целна група која беше опфатена со предавањата беа учениците од 5 и 6 одделение од ООУ Браќа Миладиновци, ООУ Никола Карев и ООУ Кирил и Методиј во Злетово кои имаа можност преку интерактивно предавање и презентација подготвена од страна на едукатор

Ангела Георгиевска да дознаат информации поврзани со меструалниот циклус, неговиот тек, важноста и правилната грижата за менструалната хигиена.

Оваа активност е со финансиска поддршка од Општина Пробиштип од Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2024 година.

Георгиевска Ангела

 

Сподели на Facebook и Twitter