Летен младински камп на Црвен крст Пробиштип и Црвен крст Куманово

Кампот не само што ги зајакна нивните компетенции, туку и го поттикна духот на соработка, солидарност и меѓусебна поддршка, што е основа на секоја заедница на Црвениот крст

Во периодот од 09.08 – 13.08.2024 се реализираше младински камп на Црвен крст Пробиштип во с. Лесново, во соработка со партнер клубот од Куманово.

На кампот учествуваа млади од Црвен крст Кочани, Црвен крст Куманово и Црвен крст Радовиш. Кампот беше на тема „Прва помош“, со фокус на унапредување на вештините на учесниците преку различни практични активности.

Освен што младите ги подобрија своите знаења и вештини во областа на првата помош, кампот беше одлична можност за тим билдинг и создавање на нови пријателства.

Преку разни групни активности, учесниците научија како да работат заедно, да се потпираат еден на друг и да изградат цврста тимска врска, што е клучно за секоја успешна организација.

Кампот не само што ги зајакна нивните компетенции, туку и го поттикна духот на соработка, солидарност и меѓусебна поддршка, што е основа на секоја заедница на Црвениот крст.

Сандра Андонова

 

Сподели на Facebook и Twitter