Младите учат народни традиционални ора од постарите

ПХВ групата составена од Јана Милановска, Милан Миланов, Ведрана Ѓоргиева, Мила Стојчевска, Дајана Стоилевска, Ивона Кировска под менторство на Елена Николова и Андреа Ганевска, работат на проект чија цел е да се доближат младите во Пробиштип со македонската традиција.

ПХВ (промоција на хумани вредности) е проект кој со години се имплементира во нашава земја. Идејата за овој проект беше инициран уште во 1996година од страна на Црвениот крст на Македонија и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). ПХВ проектот нуди можност за креирање на активни граѓани кои што од млада возраст решаваат проблеми на ниво на заедницата.

ПХВ групата составена од Јана Милановска, Милан Миланов, Ведрана Ѓоргиева, Мила Стојчевска, Дајана Стоилевска, Ивона Кировска под менторство на Елена Николова и Андреа Ганевска, работат на проект чија цел е да се доближат младите во Пробиштип со македонската традиција.

На ден 06.03 (среда) организираа меѓу генерациска дружба со играорната на ЗПО каде што имаа можност да научат македонски традиционални ора и да учествуваат во истите. Исто така оваа група во блиска иднина ќе направи уште неколку настани со кои сака да го прошири негувањето на нашата македонска култура меѓу младите.

Елена Николова

Андреа Ганевска

Сподели на Facebook и Twitter