Младите волонтери на Црвен крст во акција за помош на бездомните животни

Втора година по ред, волонтерите на Црвен крст успешно реализираа проект наменет за бездомните животни

Оваа година нашата група, ,,Патролни шепи“, во рамките на ЦХА-ПХВ, работеше на проект кој имаше за цел, заштита на бездомните кучиња.

Времетраењето на проектот беше 2 месеци во кои ние успевме да релизиравме 5 акции.

Продажба на мартиники, продажба на цвеќиња по повод Меѓународниот ден на жената, продажба на маски и мафини за пробиштипскиот маскенбал и оргнизација на фудбалски турнир, чија цел беше собирање на финансиски средства за стерилизација на бездомните кучиња.

Воедно со оваа обемна акција имавме за цел да ја подигнеме свеста на луѓето со акцент на младите за грижа за кучињата преку едукативна презентација во двете основни учулишта и делење на флаери.

Нашиот проект беше успешно реализиран со стерилизација на 16 улични кучиња.

Ангела Георгиевска

Видеото кое го изготвија активистите на Црвениот крст можете да го погледате ТУКА

Сподели на Facebook и Twitter