Општина Пробиштип – Програма за социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година

Градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Драган Анастасов одржа прес конференција со цел да ги информира граѓаните на Пробиштип за Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година
Денес одржав прес конференција со цел да ги информираме граѓаните за Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година со цел да се запознаат жителите од општина Пробиштип кои мерки ќе се имплементираат во 2024 година.
Програмата е со вкупен буџет од 12.040.000,00 ден и ги опфаќа следните мерки, активности и проекти:
– Право на партиципација во ЈОУДГ„Гоце Делчев“ Пробиштип за згрижување на деца на самохрани родители
– Право на партиципација во ЈОУДГ„Гоце Делчев“ Пробиштип за деца со посебни потреби
– Право на партиципација во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ Пробиштип за дете чии месечните приходи на родителите не надминуват од 60.000,00 ден
– Еднократна парична помош од 20.000 ден за корисници на посебен додаток, надоместок за попреченост од Центар за социјална работа Пробиштип, а по повод Празникот на градот 28-ми Август
– Еднократна парична помош од 5.000,00 ден за секое новороденче
Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во основните општински училишта и подрачни училишта
– Додаток за образование на редовните ученици од прва година запишани во СОУ„Н.Н.Борче “ Пробиштип
– Образовни асистенти на ученици со попреченост во СОУ „Н.Н.Борче“ Пробиштип продолжува и во 2024 година
– Еднократна парична помош за лица во социјален ризик
– Право на додаток за домување на материјално необезбедено лице, корисник на гарантирана минимална помош и финансиски средства за интервентно сместување на жртвите од семејно насилство.
– Субвенција на сметки за комунални услуги преку ЈКП „Никола Карев“за лицата корисници на правото на додаток за слепило од Центар за социјална работа Пробиштип
– Проект за Подобрување на социјалните услуги, услугата помош и нега во домот согласно договорот за грант помеѓу Министерство за труд и социјална политика, ОО Црвен Крст Пробиштип, Општина Кратово и Општина Пробиштип продолжува и во 2024 година
Општина Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter