Општина Пробиштип – Соопштение за ВОДИЦИ 2024

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2024 година (петок) во Злетово со почеток во 07:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. 

Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 08:00 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и потопување на светиот крст. 

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. 

Пријавувањето е секој работен ден (од 16 – 18.01.2024 год.) во период од 09:00 – 16:00 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст. 

 Општина Пробиштип 

Сподели на Facebook и Twitter