ПХВ пехар за волонтерите од Пробиштип и Кратово!

Оваа година за прв пат волонтерите од Кратово имаа можност да учествуваат во ЦКА ПХВ програмата и истото го направија со огромен труд и желба за промена

ЦКА ПХВ (Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности) е програма на Црвен крст преку која секоја година се врши регрутација на волонтери во општинските организации, нивна обука за планирање и изработка на проекти (акција во заедница/интеркултурна акција) и реализација на истите.  

Оваа година вкупната бројка на изработени проекти е 169 мали проекти.  

­­­­117 беа оценети со највисока оцена фаза 5, 49 проекти беа оценети со фаза 4, 3 проекти со фаза 3, Вкупно се изработени 39 проекти кои се оценети со сонце, тоа се проекти кои навистина дадоа голем придонес на заедницата, односно долгорочно смениле нечиј живот!  

Нашата Општинска Организација изработи 6 мали проекти од кои 5 проекти се оценети со !  

Со тоа имаме најмногу проекти со сонце на ниво на нашата држава и нашите волонтери го овоија ПХВ пехарот за 2024 година!!  

Многу сме горди на нашите нови волонтери кои со неизмерна поддршка од поискусните волонтери, огромната желба за промена, упорноста, хуманоста и непристрасноста доброволно работеа неочекувајќи ништо за возврат, а сега ќе бидат наградени со ПХВ пехар!  

Благодарност до сите наши соработници и подржувачи, Вашата поддршка е движечка сила на нашето работење! 

 Сите родители и наставници/професори треба да бидат горди на овие златни деца! 

 18.06.2024 ќе бидеме домаќини на настан за доделување на наградите на кој ќе присуствуваат претставници од Општинските Организации!  

Освен волонтери од Пробиштип на изработката на проектите работеа и волонтери од новоотворениот училишен клуб од Кратово во ООУ”Кочо Рацин” Кратово.  

Оваа година за прв пат волонтерите од Кратово имаа можност да учествуваат во ЦКА ПХВ програмата и истото го направија со огромен труд и желба за промена. 

Сподели на Facebook и Twitter