Денеска нашиот ПХВ тим “Патролни шепи” ООЦК Пробиштип составен од: Тамара, Викторија, Матеа, Младен, Давид, Аница и Александар, под менторство на Јована Стоевска и Драгана Божинова, ја имаше свјата втора хуманитарна акција. По повод Меѓународниот ден на жената организираа нарачки и достава на свежо цвеќе. Собраните донации ќе бидат употребени за заштита и помош на уличните животни.
ПХВ претставува проект за промоција на хумани вредности чија главна цел е вклучување на младите во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.
Сите собрани донации ќе бидат доставени на Здружението за заштита на животни ВИТА МАКСИМА-ПРОБИШТИП.
Драгана Божинова
Јована Стоевска