Посета на Хидросистемот Злетовица и Филтер станицата за питка вода во Пробиштип

Проектот произлегува од досегашната успешна соработка која општина Пробиштип ја има со Центарот за меѓународна соработка на Словенија и Амбасадата на Словенија во Македонија, докажана со веќе реализирани капитални проекти, а веќе течат преговори и за нови идни проекти.
Денес во работна посета на општина Пробиштип престојуваше министерката за надворешни работи и потпретседател на Владата на Република Словенија, Тања Фајон, амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер и министерот за земјоделство шумарството и водостопанство, Љупчо Николовски. Заедно го посетија Хидросистемот Злетовица и Филтер станицата за питка вода во Пробиштип, каде што се реализираше проектот за Надградба на скада систем на Хидросистемот Злетовица и рехабилитација на хидромеханичка опрема на брана Кнежево, финансиран од Центар за меѓународна соработка на Словенија при Министерство за надворешни работи и Министерство за земјоделство шумарството и водостопанство на Македонија, со вкупна вредност од 350.000 евра.
 Проектот произлегува од досегашната успешна соработка која општина Пробиштип ја има со Центарот за меѓународна соработка на Словенија и Амбасадата на Словенија во Македонија, докажана со веќе реализирани капитални проекти, а веќе течат преговори и за нови идни проекти.
За таа прилика Анастасов рече:
-Како градоначалник изразувам благодарност до двајцата министри, како и останатите соработници за одличната соработка која е основа за реализација на проекти и наш развој како општина.

Сподели на Facebook и Twitter