Прослава на родендени

Би било пожелно сите млади присутни да бидат облечени во боите на младинскиот центар (портокалова, сина и зелена) и секако со вас понесете позитивна енергија и убаво расположение.

Крајот на годината ни носи низа причини за славење.

Една година Младински Центар Пробиштип, три години ГРИТ, новогодишни и божиќни празници и многу, многу успеси.

Чест и задоволство ни претставува да ве поканиме на прославата на нашите родендени, во изминатата година заедно креиравме и поминавме низ низа успеси за нашата огранизација и младински центар, како и до сега докажаното нашиот секојдневен преиоритет се младите од Пробиштип, па затоа од огромно значење е да ве имаме вас како присутни на оваа прослава.

Роденденот ќе го прославиме на 22.12.2023 (Петок) од 21:00 часот во салата во холот во просториите на Домот на културата Злетовски Рудар заедно, со нашиот локален ДЈ (ДЈ Дуфф). Доколку сакате да дознете и повеќе за нашата работа може да присуствувате на нашата презентација од 20:00 часот во просториите на Младинскиот Центар.

Оваа прилика сакаме да ја искористиме јавно да ве поканиме на нашите родендени, дојдете сите заедно да се забавуваме и да ги прославиме досегашните заеднички успеси. На роденденот ќе има обезбедено пијалоци и храна од нас, покрај Д-јот за дополнителна забава на младите имаме подготвено уште едно изненадување, кое ќе можате да го откриете на самиот роденден. Би било пожелно сите млади присутни да бидат облечени во боите на младинскиот центар (портокалова, сина и зелена) и секако со вас понесете позитивна енергија и убаво расположение.

Ве очекуваме

Валентино Нанев

Сподели на Facebook и Twitter