Спортското планинарско друштво “ПРОБИШТИП” по повод 28-ми Август – Денот на рударите, верскиот празник Успение на Пресвета Богородица и празникот на градот Пробиштип на 31 август 2024 година (сабота), а во сеќавање на својот починат член, планинар и другар Слободанче Монев – Данче организираше: Планинарска акција ,,РУДАРСКА ПАТЕКА” – под покровителство и логистичка поддршка на концесионерот на рудниците Компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ.
„Рударска патека“ или „Патеката на рударите“ е рекреативна планинарска патека посветена на трнливиот пат на првите рудари кои работеле во рудникот „Добрево“.
Оваа патека го обележува патот на оние рудари кои масовно доаѓале од подалечните краеви на паланечките села и околните пробиштипски села. „Патеката на рударите“ претставува почит кон тешката егзистенција на сите овие храбри луѓе од минатото кои ги поставиле темелите и го започнале индустрискиот развој на градот Пробиштип.
ОПИС НА ТУРАТА – Пaтеката е со должина од 25 km и спаѓа во категоријата: – средно тешки патеки, – потребно време 9 часови, Стартот беше во с.Мождивњак (Крива Паланка) на 690 мнв, попатно се помина с.Нежилово и се искачивме околу 700 m до местото Лисец 1380 мнв. од каде почнавме да се спуштаме по асвалтен пат до с.Близанци, од каде што по колски пат се упативме кон с.Добрево (Општина Пробиштип) 698 мнв. и турата ја завршивме во кругот на рудникот.
Вкупна елевација 1000+ m. Во рудникот Добрево покровителот БУЛМАК обезбеди ручек за учесниците (традиционално планинарско гравче) а организаторот додели благодарници за учесниците.
СПД „Пробиштип“
Целата галерија со фотографии од оваа Рударска патека можете да ја видите ТУКА