СПД „Пробиштип“ – Успешно организирана планинарската акција „ПЛАВИЦА“2024

На акцијата учествуваа повеќе од 100 планинари од повеќе планинарски клубови

Спортското Планинарско Друштво „ПРОБИШТИП” во текот на вчерашниот ден успешно ја организираше еднодневна планинарска акција „ПЛАВИЦА 2024“ до исотимениот врв Плавица висок 1297 мнв. 

Акцијата беше организирана по повод 3-ти Април – Денот на  нападот на Пробиштип, а во чест на паднатите борци беше положено свежо цвеќе на споменикот на месноста Солиште и споменикот на спомен паркот „Братство и единство“ во градот. 

На акцијата учествуваа повеќе од 100 планинари од повеќе планинарски клубови. Покрај домакините СПД ПРОБИШТИП, учествуваа и ПСК ОСОГОВО Кочани, ЗПЗП КОЗЈАК 2013 Куманово, ПСД КЛЕПА Градско, ПК ОСТРИ ВРВ Кратово и I Love Hiking – group Macedonia. 

Планинарската акција беше предвидена во Календарот на акции на ФПСМ за 2024 год. 

СПД „Пробиштип“ 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter