Традиционално берење на бадникови гранчиња

Оваа манифестација трае повеќе од 20 години и е масовно посетена

Во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божиќ, пробиштипјани на месноста Жгури традиционално береа бадникови гранчиња.

Оваа манифестација трае повеќе од 20 години и е масовно посетена.

Денот започна со изборот на кумот за 2024 година, оној кој ќе го организира настанот наредната година, а се бираше од претставниците на бизнис секторот, годинава му се посреќи на Лесновска меана – Чомбе, како награда за тоа доби златник со ликот на Богородица, а стариот кум – фирмата Гилас Инженеринг, му посака успех и среќа.

Потоа, сите заедно отидоа и се придружија на граѓанството на месноста Жгури каде со бадникарски оган, со музика и со посна трпеза беше избран кум од граѓансвото, Јованче Манаилов, кој доби сребреник, по што присутните со песна, оро и берење на бадникови гранчиња ги најавија Бадник и Божиќ.

Општина Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter