Успешно реализиран хакатонот на идеи

По разгледување на сите проекти и бодирање на истите, од страна на жирито беа избрани 3 проектни идеи кои ние како огранизација ќе ги поддржиме со 600 евра наменети за имплементација на истите.

На ден 01.12.2023 (Петок) и 02.12.2023 (Сабота) во просториите на нашиот Младински центар успешно се реализираше проектот Хакатон на идеи.

На овој проект имаше пријавено 20 млади кои беа поделени во 5 тимови. Секој од тимовите заедно со својот ментор имаше можност да развие идеја и да одлучи на кои проблем/и кој го засега/ат нашиот град ќе работат. По сумирање на сите одговори на младите учесницни произлегоа 5 полиња на работа кои тие ги посочиа како најбитни во моменот. Имаа можност да изберат дали сакаат да работат на Ментално здравје, Подобрување на културно-уметничкот живот на младите, Спортски активности, Зголемување на површини за социјализација и дружење и така наречено „wild cart“ поле кое не е обврзано на само една тема.

Првиот ден од овој проект беше насочен на меѓусебно запознавање на младите и менторите, работење во тимови, генерирање на идеи, планирање, развивање и изработување на прототип за истите заедно со менторите.

Во овие активности младите имаа можност да ги подобрат своите вештини за тимска работа, ефикасна комуникација и други меки вештини. Сите учесници самостојно се произнесоа со свој погледи, што е тоа кое ние како град и општество го имаме како проблем и што ново тие би сакале да видат во Пробиштип.

Вториот ден започна со доизработка на прототипот односно макетата за сите проекти на младите. Развиените идеи на истиот ден беа презентирани пред жири комисијата која се состоеше од Василија Василева (Претставник од граѓански сектор) , Марио Милосов (Претставник од бизнис секторот) и Марија Митева (Претставник од локална самоуправа).

По разгледување на сите проекти и бодирање на истите, од страна на жирито беа избрани 3 проектни идеи кои ние како огранизација ќе ги поддржиме со 600 евра наменети за имплементација на истите.

Избрани се следните проекти:

Сакај се себи си – Ментално Здравје  Ментор: Даниела Заовска Пробиштип,

Има талент- Подобрување на културо-уметничкиот живот на младите  Ментор: Александар Богатинов,

Обележување на патека за пешачење Илин врв 7км- Спортски  Ментор: Давид Анчевски.

Покрај избраните три проектни идеи преостануваат и идеите на другите два тимови, нивните идеи се:

Bridge Builders- Изградба на мост – Wild Cart Поле  ментор- АнаМарија Павлова,

Жарен свет- Уредување на трибните кај ракометарското игралиште- Зголемување на површини за социјализација и дружење на младите – Ментор: Александра Стојковска.

И покрај тоа што овие проектни идеи беа навистина креативни за жал не беа високо бодирани од стручното жири, но се уште постои шанса да ги поддржите вие. Сакаме да апелираме до сите кои сакаат да бидат дел од промената на Пробиштип, доколку сте заинтересирани да поддржите некоја од овие идеи и да и помогнете на нашите млади да ја имплементираат својата проектна идеја, можете да го направите тоа во било кој момент.

Доколку сакате да добиете поделтани информации слободно контактирајте не преку социјалните мрежи на ГРИТ на следните линкови:

Фејсбук страната

Инстаграм профил

или на 071 226 753 – Валентино Нанев

Сподели на Facebook и Twitter