Успешно реализирано 11то издание на „Зелникот на баба 2024“

На ова издание учествуваа 26 групи, 5 од Пробиштип, 20 од други градови од Македонија и една од Србија

11то издание на манифестацијата „Зелникот на баба“ во организација на општина Пробиштип, на преполниот плоштад Св. Гаврил Лесновски се одржа во прекрасна атмосфера.

На ова издание учествуваа 26 групи, 5 од Пробиштип, 20 од други градови од Македонија и една од Србија, кои презентираа традиционални и вкусни јадења, од нив како најдобри се издвоија:

Награда за брзо сукање, Станојка Милковска од Бисер Пром и Васка Петрова од Виница;

Награда за трајни вредности за групата од Босилеград, Србија;

Награда за значителен придонес за зачувување на традицијата за групата од Прилеп;

Средствата кои се собраа од продадените зелници и другата приготвена храна, традиционално ќе се донира во хуманитарни цели.

Благодарност до сите учесници и музичките артисти кои дадоа придонес за прекрасната атмосфера.

Бидете живи и здрави до следното издание на Зелникот на баба.

Општина Пробиштип

 

И годинава Пробиштип инфо  ја следеше оваа манифестација со вклучување во живо и изготвување на видео материјал од целата манифестација, ВИДЕО кое што можете да го погледате ТУКА

Сподели на Facebook и Twitter