Денес се започна со асфалтирање на улицата “Македонски револуционери” со дел од “Димитар Влахов” и “Јаким Стојковски”.
Со оглед на планот и динамиката за работа на економскиот оператор со асфалтирањето се планира да се заврши до крајот на неделата.
По оваа фаза ќе следи поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.
Овој проект општина Пробиштип го реализира со средства преку Министерство за транспорт и врски и вкупната вредност за истиот изнесува 18.5 милиони денари.
Општина Пробиштип и во наредниот период продолжува со реконструкција на повеќе улици на територија на општината.
Општина Пробиштип