Започна асфалтирањето на улицата “Македонски револуционери” со дел од “Димитар Влахов” и “Јаким Стојковски”

Со оглед на планот и динамиката за работа на економскиот оператор со асфалтирањето се планира да се заврши до крајот на неделата

Денес се започна со асфалтирање на улицата “Македонски револуционери” со дел од “Димитар Влахов” и “Јаким Стојковски”. 

Со оглед на планот и динамиката за работа на економскиот оператор со асфалтирањето се планира да се заврши до крајот на неделата. 

По оваа фаза ќе следи поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација. 

Овој проект општина Пробиштип го реализира со средства преку Министерство за транспорт и врски и вкупната вредност за истиот изнесува 18.5 милиони денари. 

Општина Пробиштип и во наредниот период продолжува со реконструкција на повеќе улици на територија на општината. 

Општина Пробиштип 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter