Започна реконструкцијата на улицата “Христијан Тодоровски – Карпош”

Во проектот е предвидено изградба на потпорен ѕид, тротоари и нов асфалтен слој
Започна реконструкцијата на улицата “Христијан Тодоровски – Карпош”, проект во кој е предвидено изградба на потпорен ѕид, тротоари и нов асфалтен слој.
 
Во моментот се работи на подготвителни работи за изградба на потпорниот ѕид.
 
Средствата за овој проект општина Пробиштип ги обезбеди како целосна донација од Светска банка преку Министерство за транспорт и врски.
 
Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани.
 
 
Општина Пробиштип
 
 
Сподели на Facebook и Twitter