Завршена е реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал и кошаркарското игралиште при ООУ “Никола Карев”

Следен проект којшто ќе се реализира за подобрување на условите во ООУ "Никола Карев" е реконстукција на патеката околу игралиштата и реконструкција на двете летни училници
Завршена е реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал и кошаркарското игралиште при ООУ “Никола Карев”.  Со проектот и двете игралишта се поставени со нова тартан подлога.  Следниве денови ќе се постават нови голови и табли за кошеви, како и осветлување за да можат игрлиштата да бидат функционални и во вечерните часови за големиот број на ученици и рекреативци кои ги користат.  Следен проект којшто ќе се реализира за подобрување на условите во ООУ “Никола Карев” е реконстукција на патеката околу игралиштата и реконструкција на двете летни училници.  Општина Пробиштип заедно со општинските образовни институции работи за подобри услови, како за учениците така и за стручниот и технички персонал во училиштата, во моментов се во тек тендерски постапки за реконструкција на игралиштата во ООУ “Браќа Миладиновци” и подрачното училиште “Св. Кирил и Методиј” во Злетово.   Општина Пробиштип 
Сподели на Facebook и Twitter