Денес, заедно со колегите од Бугарија, претставници од Универзитетот “Нефит Рилски” од Благоевград, Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, одржавме работен состанок за апликацијата, којашто ја поднесе општина Пробиштип на програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Општина на овој повик ќе учествува со проект за збогатување на туристичката понуда во Лесново, што опфаќа изградба на паркинг простор, реконструкција на патеки до пештерите, ново осветлување, изградба на видиковец, летниковци, поставување на урбана опрема, како и одбележување на велосипедски и пешачки планинарски патеки.
Проектот ја мина првата фаза на селекција, и во овој момент работиме на развој на целосен концепт.
Општина Пробиштип