Дури четири момчиња од Пробиштип во состав на македонската пионерска репрезентација

Во составот на пионерската одбојкарска репрезентација има дури четири момчиња од Пробиштип, Филип Петрушевски, Дамјан Миневски и Михаил Радевски и Тоше Ефремов како капитен.

Македонските одбојкари до 17 години (момчиња родени 2007-ма година и потоа) од утре до недела ќе учествуваат на Балканското првенство во Тирана. Во составот на пионерската репрезентација има дури четири момчиња од Пробиштип, Филип Петрушевски, Дамјан Миневски и Михаил Радевски и Тоше Ефремов како капитен. Оваа бројка покажува дека Пробиштип ја продолжува традицијата во создавањето на квалитетни одбојкари на кои нашиот град е особено горд.
Првото спортско соочување на македонските одбојкари ќе биде утре со домакините од Албанија , во четврток играат со Србија, а во петок со Турција.

Тимот на Пробиштип инфо им посакува среќа и што подобар пласман.

Сподели на Facebook и Twitter