Нов подвиг на СПД Пробиштип

Осуммина планинари од Спортското планинарско друштво Пробиштип вчера точно напладне го искачија врвот Мусала во Република Бугарија.
Пробиштипските планинари го развејаа македонското знаме на највисокиот врв на Балканот.
Осуммина планинари од Спортското планинарско друштво Пробиштип вчера точно напладне го искачија врвот Мусала во Република Бугарија. Мусала е највисокиот врв на балаканот со надморска височина од 2925 метри и се наоѓа на планината Рила во непосредна близина на ски центарот Боровец. Планинарите од СПД Пробиштип оваа година искачија неколку врвови над 2000 метри како Титов Врв, Пелистер, Царев Врв и се подготвунаат за искачување на врвот Триглав во Р. Словенија.
Сподели на Facebook и Twitter