СПД Пробиштип – Искачен врвот Пелистер 2601мнв. на Баба Планина

Пробиштипската екипа оваа година беше најбројната планинарска група на овогодинешниот планинарски марш кој имаше интернационален карактер

Планинарите од СПД ПРОБИШТИП во саботата (11.05.2024) учествуваа на 35-от традиционален марш “Димитар Илиевски – Мурато” а во организација на ПСК Пелистер од Битола.

Вкупно 24 пробиштипски планинари го искачија врвот Пелистер на тој начин одавајќи му почит на првиот Македонец кој го искачил највисокиот врв на светот Монт Еверест.

Планинарите за вкупно 9 часа ја поминаа патеката со вкупна должина од 26 km и го искачија врвот Пелистер висок 2601 мнв. на Баба Планина.

Пробиштипската екипа оваа година беше најбројната планинарска група на овогодинешниот планинарски марш кој имаше интернационален карактер.

Сподели на Facebook и Twitter