СПД Пробиштип : Освоен врвот Плоча на Шар Планина

Целата планинаска огранка Плоча се протега во меридијански правец север-југ, а се испушта од Црн Врв на главниот срт со кој е поврзува преку планинските гребени и врвови Кучибаба, Рогопеч, Сува Дупка и Коњушка кон северозапад. На тесниот срт на Плоча од север кон југ се издигнуваат три врвови од кои највисокиот 2375 метри, по кој следи 2223 м и завршува со врвот Врчик висок 2094 метри, а поради својата издолженост и зарамнетост на делумно карпестиот срт можно е и да го добил своето име, за кое пак постои и народно предание.
Викендов планинари од Спортското Планинарско Друштво “ПРОБИШТИП”, учествуваа на планинарска тура за искачување на врвот Плоча на Шар Планина, дел од планинарскиот предизвик ,,12 Врвови” организирана од Планинарскот Друштво ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ.
Беа поминати 23 km по патека на движење:  с. СЕТОЛЕ – ВРВ ВРЧИК – ВРВ ПЛОЧА – с. ЛАВЦЕ.
Со името Плоча се нарекува цела голема планинска огранка на Шар Планина помеѓу нејзиниот средишен и североисточен дел. Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во неговата книга „Материјали по изучувањето на Македонија” Плоча е најголемото подгорје на Шар Планина, кое започнува на југ од долот на реката Пена и продолжува на север дури до долот на реката Бистрица, нешто на 4 часа продолжение и во правец од југ-југозапад кон север-североисток при што Плоча е покриена најмногу со дрвја, најмногу букови, а соголените од дрвја места се покриени со дебели пасишта, по кои пасат стада овци, кози, коњи, крави и др., од коишто многу се продаваат во градот. На многу места по Плоча се среќаваат големи извори со бигорлива вода. Целата планинаска огранка Плоча се протега во меридијански правец север-југ, а се испушта од Црн Врв на главниот срт со кој е поврзува преку планинските гребени и врвови Кучибаба, Рогопеч, Сува Дупка и Коњушка кон северозапад. На тесниот срт на Плоча од север кон југ се издигнуваат три врвови од кои највисокиот 2375 метри, по кој следи 2223 м и завршува со врвот Врчик висок 2094 метри, а поради својата издолженост и зарамнетост на делумно карпестиот срт можно е и да го добил своето име, за кое пак постои и народно предание. До врвот Плоча може да се стигне од повеќе различни места од самиот град Тетово преку тетовското кале на Балтепе, од селото Вејце преку падината Орловец со врвовите Дупин и Црвен Камен на запад, од селата Ѓермо или Сетоле на југ или од долот на Лешочка Река и Бистрица на исток. Поради средишната местоположба од Плоча се отвора глетка на целата Шар Планина од Љуботен на североисток преку целиот главен срт, до Титов Врв, Бориславец, Рудока и Враца на југ.
Сподели на Facebook и Twitter