на денешен ден

Календар

На денешен ден 14 Август

1919 – Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, македонски народен херој. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20 февруари 1943 година.

Прочитај повеќе »
Календар

На денешен ден 13 Август

1903 – Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распоредил својот одред и со куршуми ги пречекувал јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинале Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Смугре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули е роден во Крушево, во 1865 година.

Прочитај повеќе »
Календар

На денешен ден 09 Август

1883 – Во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ

Прочитај повеќе »
Календар

На денешен ден 08 Август

2001 – На патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак албанските терористи од заседа нападнале конвој на Армијата на Република Македонија, при што убиле  десет припадници на Армијата на Република Македонија.

Прочитај повеќе »
Календар

На денешен ден 06 Август

1900 – Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затворила, а потоа и го осудила на робија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев бил испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година бил амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност.

Прочитај повеќе »