АЛКОХОЛ И БРЕМЕНОСТ

Секојдневното конзумирање алкохол во бременоста може да има негативни последици врз здравјето на фетусот или да го загрози идниот развој на детето

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Дали алкохолот во бременоста штети на плодот, дали може да се консумираат мали дози во бременост, се дилеми за кои науката има разни мислења.

Бремените жени ризикуваат појава на абнормалности кај новороденчињата доколку пијат каква било количина на алкохол , се вели во некои студии.

Едно ново истражување открило дека ниту една количина на алкохол не е безбедна за детето, а дури и мало или умерено консумирање алкохол може да предизвика предвремено породување.

Други студии пак говорат за сигурни дози на алкохол во бременоста кои не се штетни за плодот, а за сигурни дози ги сметаат 175 мл вино, 50 мл жестоки пијалаци или околу половина литар пиво неделно.

Според една статистика во Англија околу 57%  од бремените жени потполно се воздржува од алкохол додека 23% од нив повремено пијат по некој пијалак.

Децата чии мајки умерено пиеле за време на бременоста подоцна не се разликуваат од своите врсници по интелигенцијата и не се изложени на проблеми во однесувањето.

Ако може да се изведе некаков заклучок, тоа би бил,дека секојдневното конзумирање алкохол во бременоста може да има негативни последици врз здравјето на фетусот или да го загрози идниот развој на детето, но тоа никако нема да се случи ако количините се умерени.

Алкохолот во бременоста секако не е корисен, но од повремени мали количини немора да се откажете иако сте бремени. 

Сподели на Facebook и Twitter