АМЕНОРЕА – изостанување на менструација 

Не инсистирајте на терапија веднаш по изостанувањето на менструацијата и не барајте лабораториски анализи.

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

АМЕНОРЕА – изостанување на менструација 

Во предходниот текст објаснив што претставува нормален менструален циклус. Да ве потсетам- менструален циклус е периодот од првиот ден на менструалното крварење до првиот ден на следното менструално крварење. Тој изнесува 21-35 дена, а по некои мислења и 40 дена.  

Ако по 40 дена не се појави менструално крварење, тогаш станува збор за АМЕНОРЕА, изостанок на менструација, состојба во која има полесно или потешко пореметување на оваријалните хормони. Ваквото пореметување може да предизвика изостанок на крварењето до 3 месеци и се смета за лесно пореметување. Ако крварењето отсуствува повеќе од 3 месеци, тогаш се работи за покомплексно пореметување.  

Секако, треба да се исклучи постоењето на бременост, кое е состојба на природна амонреа.  

Кои се состојби можат да предизвикаат хормонален дисбаланс: 

  • Стрес 
  • Нагло зголемувње на телесната тежина 
  • Екстремен спорт или тренинг или нагло зголемување на негов интензитет 
  • Полицистични јајници 
  • Таблети за контрацепција-односно по примање на истите 
  • Пубертет- во првите три години од појавата на првата менструација 
  • Перименопауза-периодот од 3-4 години пред настапот на менопаузата, поради падот на лачење на застарените овариуми 
  • Проблеми со тиреоридната жлезда -хипер или хипотиреодизам 
  • Дијабетес 
  • Тешки, исцрпувачки болести 
  • Терапија за тешки болести итн. 

Што треба да превземете во случај на аменореа. 

Прво почекајте 40 дена од последното крварење пред да консултирате гинеколог. Ако не станува збор за некоја од погоре споменатите состојби, може да се направат уште 1-2 контроли да се исклучи евентуална бременост. Впроченм, најголемиот страв кај жените кога касне циклусот е стравот од несакана бременост.  

Доколку за 3 месеци нема појава на циклус, се превземаат дополнителни испитувања и тераписки процедури. 

Терапијата со препарати од прогестерон и со успешност од 99%.  

Со таква терапија се предизвикува крварење, а служи и како тест дека станува збор за пад на прогестеронот, односно лесно пореметување кое е случај во 99% од случаите. 

Ретко кога е потребно и дополнително хормонско испитување, кое се спроведува третиот ден од циклусот, кога оваријалните хормони се во нормала скоро кај сите жени. Во зависност од проценката на докторот може да се направат и испитувања на тиреоидните, надбубрежните или хипофизните хормони. 

 Моја препорака е – не инсистирајте на терапија веднаш по изостанувањето на менструацијата и не барајте лабораториски анализи. Дозволете докторот да направи проценка, бидејќи скоро секогаш станува збор за лесно пореметување и менструалниот циклус се нормализира во рок од 3 месеци. Во меѓувреме, потрудете се да ги отклоните погоре наведените состојби, доколку постојат. 

Сподели на Facebook и Twitter