АНЕМИЈА ВО БРЕМЕНОСТ

Анемијата во бременост ретко кога е проблем сама по себе, па и покрај терапијата од моите искуства не се постигнува забележително покачување на Hb. 

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Анемијата е состојба кога има намален број на црвени крвни зрнца или хемоглобин во крвта, кои служат за пренос на кислородот во организмот. 

Причини за анемија е намален внес на железо во организмот (кај вегетаријанците), зголемен губиток на крв (обилни менструации) и зголемена потреба (дури до 9 пати) во бременоста. 

Анемијата е пропратна состојба во скоро секоја бременост особено ако е проследена со повраќање. 

Последиците од анемија во бременоста не се така драматични по плодот, ретко кога може да предизвика застој во растот на плодот. 

Кај мајката не специфични симптоми се малаксаност, замор, бледа сува кожа, паѓање на косата и сл. 

Многу важен момент да се разбере што е анемична бремена жена се вредностите на Hb, кој е таргет на нашите крвни анализи и се разликуваат од не бремените жени. Така да за анемична ќе ја прогласиме жената ако вредноста на Hb е под 90g/l (односно 100 според други препораки).За нормални вредности се сметаат тие што се над 100 g/l.  

Имено кај бремената жена за разлика од не бремената постои т.н. физиолошка дилуција (разредување) на крвта, поради поголемо зголемување на волуменот на вкупната крв за сметка на плазмата, а додека тоа зголемување не го пратат крвните елементи па вредностите се помали за 15-20 % кај бремена жена. 

Бременоста претставува 9 месечен фокус на крварење, поради потребите на железо на плодот, а резервите и така се намалени во однос на мажите поради менструалниот губиток, така да континуирано примање на препарати или исхрана со железо е пожелно. Кај поекстремните падови на Hb ординираме терапија со повисоки дози на Hb, кои жените ги избегнуваат поради гастроинтестинални проблеми, мачнина, гадење, грчеви во желудник. 

Да заклучам – анемијата во бременост ретко кога е проблем сама по себе, па и покрај терапијата од моите искуства не се постигнува забележително покачување на Hb. 

Од мојата пракса се сеќавам на една родилка која ја пораѓав во Кратово а имаше Hb 68 g/l која помина без никакви породилни и пост породилни компликации. 

Сподели на Facebook и Twitter