АСИСТИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА

Кој од овие третмани одговараат на стерилниот брак, одлучуваат докторите од нашите реномирани клиники, приватни и државни

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Поимот асистирана репродукција опфаќа тераписки процедури за лекување на стерилитет, меѓу кои најпозната е ИВФ (ин витро фертилизација), односно народски позната како бебе во епрувета, но постојат и други начини на потпомогната репродукција:  

-инсеминација, аплицирање на спермата од партнерот или од донор, со помош на шприц, не дава некои позначителни резултати, а постапката се повторува до 3 пати, поради тоа што половината јајцеклетки се нефункционални  

-ИВФ, ин витро фертилизација, што во буквален превод е вонтелесно оплодување, за кое популацијата е доста информирана, а дава добри резултати кај оштетени јајоводи,ослабена и неквалитетна сперма. 

Успехот на третманот е околу 20-30 % од опфатените жени, а зависи пред се од квалитетот на јајце клетките, возраста на пациентките, квалитетот на материцата и ендометриумот и сл. 

Кај нас се применува без возрасно ограничување , за разлика од некои земји каде горна граница е 45 па и 42 г.  

Замрзнување на јајце клетки е процедура која се повеќе е актуелна кај жените, а се однесува на замрзнување на квалитени јајце клетки од помала возраст, за да се искористат како материјал за оплодување во понапреднати години, кога жената ќе има партнер, кај почетен стадиум на рак на јајници, каде се замрзнува дел од јајникот, па се пресадува после третманот и излекувањето, кај друг третман на јајниците како ендометриоза и сл. 

Донација на јајце клетки, значи да жената прима туѓа јајце клетка поради оштетени или неквалитетни овариуми, а оплодена со сперма од партнерот, сурогација, кога оплодена јајце клетка се всадува во материцата на друга жена, да го износи плодот(случај познат за јавноста е Марија Шерифовиќ) 

За оваа процедура не сум запознаен дека сеуште се применува кај нас, но може да се примени во некои соседни држави . 

Кој од овие третмани одговараат на стерилниот брак, одлучуваат докторите од нашите реномирани клиники, приватни и државни. 

Сподели на Facebook и Twitter