Дали трудниците смеат да се капат во море и базен

Не останувајте долго во водата во базенот, истуширајте се веднаш по капењето и веднаш потоа сменете го костимот за капење.  

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Дали е дозволено трудниците да пливаат во море и до кој месец, како да се справиме со летните горештини, какво однесување треба да избегнуваат трудниците на море, дали има реални пречки за пливање во море во третиот триместар од бременоста, се само дел од дилемите кои ги мачат идните мајки. 

Некои велат дека трудниците не треба да  пливаат во море, но сепак пливањето се препорачува како најдобра активност за нив. Дали има некои правила што треба да ги почитуваат при капење, на пример температурата на водата, колку долго може да се остане во вода, колку време пред закажаниот термин е дозволено капење и сл. се едни од најчестите прашања кои ги слушаме од трудниците. 

Еве неколку совети: 

Пливањето во чисто море е дозволено доколку наодите и статусот на бременоста се нормални, односно нема дијагноза за закана од спонтан абортус или предвремено породување. Тоа е здрава и корисна активност без оглед на кој месец од бременоста сте. Трудниците треба да внимаваат морската вода премногу да не е студена за да не доживеат температурен шок. Освен тоа треба да внимаваат и да носат удобни чевли за случајно да не се лизнат. 

Што се однесува до базените, тие се под знак прашалник поради чистотата на водата и личната хигиена на другите луѓе. Пливањето во базен кој го користат поголем број луѓе генерално не се препорачува на жените, бидејќи гениталните инфекции се многу чести. Идеални се базените каде што водата е беспрекорно чиста и не ги користат многу луѓе. 

Значи, иако умерената физичка активност во вода е добра за трудниците, не треба да практикувате премногу често пливање во базен. 

Она на што дефинитивно треба да внимаваат идните мајки е и советот од д-р Мортон, а тоа е често менување на водените коститми за капење со цел да се спречи воспалението на мочниот меур, кое е многу почесто во време на бременоста. 

Доколку сепак одлучите да пливате во базен придржувајте се до следните правила: 

Не останувајте долго во водата во базенот, истуширајте се веднаш по капењето и веднаш потоа сменете го костимот за капење.  

Сподели на Facebook и Twitter