ДЕПРЕСИЈА ВО БРЕМЕНОСТ

Ако страдате од депресија или само ако се посомневате дека го имате овој проблем, побарајте помош.

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

За постпородилната депресија повеќето луѓе слушнале, но за депресијата која се јавува во бременоста, ретко кој, иако се смета дека 10-20% од бремените жени патат од ваква состојба. 

1 од 4 жени во тек на животот заболуваат од депресија, која се јавува во одреден период од животот, а бременоста е еден од факторите кои можат да испровоцираат депресија. Причината за тоа е што и докторите како и бремените жени не и посветуваат внимание на оваа состојба, до некаде и од оправдани причини, бидејќи хормоналниот дисбаланс кој нормално ја прати бременоста се меша со симптомите на депресија, па често се превидува.  

Знаци за депресија се: замор, безволност, губиток на концентрација, тага, страв, суицидни мисли, лоши соништа и сл., знаци кои ако се послабо изразени ги препишуваме на бременоста. 

Постојат фактори кои придонесуваат  за појава на депресијата во бременоста како: проблеми во врската (бракот), семејна или лична историја на депресија, лекување од стрилитет, предходно неуспешно завршени бремености, комплицирана, патолошка бременост… 

Како влијае депресијата на бебето. Ако не се третира носи потенцијални ризици за плодот и мајката па може да доведе до лоша исхрана, алкохолизам, пушење, дури и самоубиствено однесување, предвремено раѓање, ниска родилна тежина и проблеми со развојот. 

Жените со депресија немаат доволно грижа за плодот што го носат. 

Што да се преземе: 

Ако страдате од депресија или само ако се посомневате дека го имате овој проблем, побарајте помош. Лекарот ќе ве упати кај стручни лица кои ќе применат групна поддршка, приватна психотерапија, лесна или потешка терапија.  

Битно е да се обратите на стручни лица во овој случај психијатри и да ги следите нивните совети. 

Сподели на Facebook и Twitter