ЕНДОМЕТРИОЗА 

Бременоста во најголем број случаи предизвикува повлекување на ендометриозата, бидејќи не се лачат хормони кои предизвикуваат нејзин раст и развој

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

                     ЕНДОМЕТРИОЗА 

Едно од најчестите заболувања кај жената е ендометриозата. Тоа е појава на ендометриални клетки од слузницата од внатрешноста на матката на други органи, најчесто на карличните органи како јајници, јајцеводи, стомачна марамица, црева…Чест случај се и ендометриозните цисти (чоколадни цисти), кога ендометриозата е лоцирана на јајниците.  

 Обично се јавува во репродуктивниот период од 12 година до менопауза. 

Симптомите се во форма на болки ниско во стомакот, болни менструации, болни односи, тешко забременување. 

Причина за појавата на болеста е ретроградното враќање на менструалната крв со отпадните ендометриални клетки и генетска предиспозиција. 

Дијагноза: на болеста секогаш треба да се посомневаме кога ги има горенаведените болки, а се ехо преглед може да се дијагностицираат поголемите цисти. Постојат и крвни анализи односно тумор маркер 725 кои се благо зголемени кај вакви состојби. 

Сепак конечната дијагноза се поставува со лапараскопија и хируршка интервенција при што хистолошки се анализираат ендометриомите. 

Лечењето е симптоматско со аналгетици, антиревматици, хигиенодиететски режим односно менување на нездравите навики во исхраната и спортување. Кај посериозните случаи се дава контрацепција 3-6 месеци или пак терапија со која вештачки се предизвикува имитирање на бременост со отсуство на менструација. 

Хируршки третман се применува кај ендометричните цисти поголеми од 6 см со нивно отстранување, или кај дисиминирана ендометриоза со термокаутеризација. 

Бременоста во најголем број случаи предизвикува повлекување на ендометриозата, бидејќи не се лачат хормони кои предизвикуваат нејзин раст и развој, односно истите се пасивизираат и атрофираат. 

Сподели на Facebook и Twitter