ХИПЕРТЕНЗИЈА ВО БРЕМЕНОСТ

Нелекувана хипертензија може да доведе до опасни компликации не само за плодот туку и за трудницата

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Под хипертензија во бременост се подразбира вредност на крвниот притисок над 140 со 90, во најмалку две последователни мерења во интервал од 4 и повеќе часа. Постојат неколку ентитети (категории) на хипертензијата на бременоста. 

       1. Гестациска хипертензија – зголемување на крвниот притисок по 20та недела бременост, трае во тек на бременоста и по породувањето се нормализира 

      2. Хронична хипертензија – зголемениот крвен притисок постои и пред 20та недела, обично и пред бременоста и не се нормализира и по породувањето. Овие пациентки ако веќе користат некоја терапија за зголемен крвен притисок, треба да ја прилагодат во консултација со лекарот, обично со замена со АЛДОМЕТ, кој е безбеден во бременоста 

     3. Хронична хипертензија со компликации т.н. преекламсија. Кога се комплицира хипертензијата потребни се посилни и поефикасни лекови и некои лабораториски и клинички состојби (отоци и протинурија) 

     4. Екламсија – хипертензија по 20та недела, протинурија и отоци на лице, раце, тромбоцитопенија, покачени трансаминази, креатинин, до белодробен едем и мозочни испади (грчеви). Овој облик на пореметување во денешно време е многу редок, поради редовните контроли и едуцираност на трудниците. 

Хипертензијата и преекламсијата на некој начин се болести на постелката каде поради нејзиниот пореметен крвоток доаѓа до ослободување на материи од кои трпи последици целиот организам. 

Хипертензијата во бременоста и не дава некои потешкотии, бидејќи навремено се открива и лекува, а преекламсијата иако ретка е сериозна компликација и најчесто се забележува кај неконтролирани трудници, повозрасни прворотки, со историја на претходни екламсии, трудници со поголема телесна тежина, кај дијабетичарки и близначка бременост. 

Хипертензијата во бременост се лекува со антихипертензивни препарати, но тоа не е гаранција дека трудницата нема да добие преекламсија за која терапијата е комплексна и во болнички услови. 

Нелекувана хипертензија може да доведе до опасни компликации не само за плодот туку и за трудницата. 

Сподели на Facebook и Twitter