ИТНА (УРГЕНТНА) КОНТРАЦЕПЦИЈА

Некои од несаканите дејства на хормоналната итна контрацепција би биле, гадење и повраќање и менструални неправилности

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

На 26 септември се одбележуваше Светскиот ден на контрацепцијата, па по тој повод денешниот текст го посветувам на оваа тема. Еднаш веќе пишував за контрацепцијата, но сега ќе се задржам подетално на итната контрацепција како метода за спречување на несакана бременост после незаштитен сексуален однос или после евентуален неуспех на контрацептивен метод со кондом (оштетување на кондомот), или по т.н. „традиционално пазење“. 

Оваа метода е се попопуларна кај жените а голем број жени ја користат секој месец, иако ја препорачуваме во одредени случаеви.  

Препаратите кои се користат за оваа намена се од хормонална природа: 

  1. левоноргестрел – достапен во многу земји без лекарски рецепт
  2. улипристал ацетат – достапен со рецепт и може да се користи до 5 дена после незаштитениот однос
  3. друг метод е нехормонална заштита, со поставување на бакарен интраутерини уред, кај народот познат како спирала – може да се постави до 5 дена после незаштитениот однос

Ефектот на методата варира, а зависи најмногу од времето на примената, па поефектно е ако заштитата се примени непосредно по незаштитениот однос.Спиралата како метод дава многу повисока заштита. 

Некои од несаканите дејства на хормоналната итна контрацепција би биле, гадење и повраќање и менструални неправилности. 

Кај нас најкористен е Норлево (левоноргестрел), кај кој ефикасноста се намалува како одминува времето на администрација на лекот после незаштитениот однос, а 72 часа е крајниот рок. Така да брзата употреба е нагласена за максимална превенција од несакана бременост. 

Ќе нагласам дека овој метод не треба да се користи како примарен метод на конрацепција, па ги охрабрувам жените да користат долгорочни методи за ефикасно спречување на несакана бременост. 

За крај ќе потенцирам: Норлево без рецепт е безбеден, но не треба да се користи како редовна контрацепција. 

Сподели на Facebook и Twitter