КАНТАРИОНОВО МАСЛО, ЖАЛФИЈА И МЛЕЧНА КИСЕЛИНА ВО ГИНЕКОЛОШКАТА ХИГИЕНА

Природна гинеколошка хигиена

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Многу жени се запознаени со фактот дека за гинеколошка хигиена не се подобни обичните, секојдневни сапуни, купки и шампони. Дури некои сметаат дека треба да користат хигиена само со обична вода. 

Денеска постојат разни средства за вагинална хигиена, дури се категоризирани според возраста, односно поблагите се за жените кои се во менопауза, поради поосетливата и атрофична кожа која е резултат на недостатокот на естрогени. Овие средства содржат млечна киселина која ја одржува киселоста на вагината и штити од инфекции. Има и многу средства кои содржат кантарионво масло кое е силно благотворно бидејќи е природен антисептик. Некои содржат жалфија која исто така изобилува со лековити својства. 

Доаѓаме до заклучок дека само водата не е доволна за одржување на вагиналната хигиена, дотолку повеќе што денешните води не се природни изворски води туку се третираат со хлор, а може да содржат и штетни елементи. Впрочем на многу места не се препорачува за пиење водата од градските водоводи. 

Некои жени во минатото користеле млеко и јогурт за вагинално испирање што поради содржината на млечна киселина е сосема исправно. Денеска постојат таблети на база на млечна киселина. 

Кантарионовото масло наоѓа голема примена во вагиналното здравје бидејќи е благ антисептик и делова врз обновување на слузокожата. При сексуален однос доаѓа до вагинални микротрауми, при што се создаваат услови за развој на инфекции па кантарионовото масло е препорачливо во вид на вагиналети по сексуален контакт, особено кај жени кои имаат симптоми на чешање, печење и зголемен секрет. Постојат и гелови, односно лубриканти, кои се користат пред однос и практично го имаат истиот ефект. 

Исто како што со различна козметика го одржувате и негувате лицето потребно е и одржување и негување на вагината со одредени средства. 

За крај уште еден совет за вагинално здравје. Редовно испирање на вагината со чај од жалфија последниот ден од циклусот.

Ова е препорачливо особено ако жената има продолжен кафеав исцедок после менструација, ако употребува тампони. Ова испирање е пожелно како начин на одржување на хигиена и превенција од инфекции. 

 

Сподели на Facebook и Twitter