МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС

Времетраењето е различно кај жените иако постои мислење дека тоа е еднаш месечно.

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

            МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС 

Периодот од првиот ден на менструалното крварење до првиот ден на следното крварење се означува со терминот МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС, а времето на крварење се нарекува менструација или менструално крварење.Кога настапува првото нормално менструално крварење, или познато како ПУБЕРТЕТ ? 

Тоа е периодот од 8 години кај црната раса до 11 години кај белата раса.Ќе се запрашате зарем не е 13 години возрасната граница кога жените во минатото ја добивале првата менструација? Да, ама границата е поместена од многу причини, младите созреваат порано поради начинот на исхрана, стресното време, па дури и материите кои поттикнуваат лачење на хормони, а се наоѓаат во пластичната амбалажа. 

Со менструалниот циклус управуваат хормоните од јајниците, а тие пак се раководени од хипофизната жлезда и хипоталамусот во мозокот. 

Колку трае менструалниот циклус? 

Времетраењето е различно кај жените иако постои мислење дека тоа е еднаш месечно.Нормален просечен циклус трае 28 дена, но за нормален се смета и циклусот во рамките од 21-40 дена.Менструалното крварење трае 4-8 дена, просечно 6 дена, во кое време се губи најмногу до 80 мл крв. 

Плодни денови се деновите кога настапува овулација, односно исфрлање на јајце клетката од јајникот, период кога жената е плодна.Тоа се случува 14от ден кај нормален 28 дневен циклус, плус минус 2 дена.Јајце клетката живее најмногу 24 часа, но сперматозоидите во просек живеат 5 дена. 

За пореметување на циклусот во некоја следна прилика, а сега би се задржал на болните менструации кои не се баш ретка појава кај жените.Одговорни за болните менструации се простагландините, ткивни материи кои се ослободуваат во време на менструацијата. 

Болните менструации се лекуваат со разни аналгетици, спазмолитици, антиреуматици, а во некои случаи и со хормонална терапија.Многу често спонтано исчеснуваат со текот на годините, особено после породување. 

Многу жени имаат и овулаторна болка во плодните денови која е мала и не бара третман. 

Сподели на Facebook и Twitter