МИОМИ НА МАТКА – ДАЛИ ДА СЕ ЛЕКУВААТ 

Миомите се бенигни тумори поради кои жените воопшто не треба да паничат бидејки шансите да имаат миом се големи, а шансите да завршат оперативно се многу мали.  

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

       МИОМИ НА МАТКА – ДАЛИ ДА СЕ ЛЕКУВААТ 

Во овој текст ќе се обидам да дадам одговор на најчесто поставувното прашање од жените на кои им е дијагностициран миом : – Дали да се оперираат? 

За почеток да објаснимешто е миом. Тоа е бениген тумор на матката создаден од нејзината мазнат мускулатура или пак од сврзното ткиво на матката ( фибром). 

Не е позната причината за нивно појавување, а во праксата се многу често застапени. Миом на матка се среќава кај 50% од жените ( по некои статистики  90% од жените имаат миом), од што кај секоја 10-та жена  претставува проблем за кој е потребно лекување со соодветна терапија 

Миомите се појавуваат од 30-50-тата година, по што обично атрофираат, односно се намалуваат 

Симптомите се во вид на продолжени и обилни крварења, болки во абдоменот,  болни менструации, отежнато мокрење, отежнато празнење на цревата, болни односи, тежкотии при забременување… 75% од миомите се асимптоматски, без никакви тегоби 

Се дијагностицираат со гинеколошки преглед, а со ехо преглед се утврдува големината и локализацијата 

 Миомите до 1см обично ги занемаруваме затоа што не даваат симптоми и не претставуваат медицински проблем 

 Терапијата зависи пред се од големината, односно од симптомитеМиомите до 5см се контролираат, а поголемите миоми кои даваат упорни обилни крварења, болки и сл. оперативно се отстрануваат, обично лапараскопски, а кај постарите пациентки се отстранува и целата матка

Кога на некоја пациентка и е дијагностициран миом на матка, се препорачува да има контролни прегледи кај матичниот гинеколог на секои 6 месеци 

Да заклучиме:  – Миомите се бенигни тумори поради кои жените воопшто не треба да паничат бидејки шансите да имаат миом се големи, а шансите да завршат оперативно се многу мали 

Во менопаузата миомите се намалуваат и со време симптомите исчезнуваат 

Во секојдневната пракса само кај една од 5-10 жени е потребен третман за  корекција на крварењата, болките или пак отстранување на миомот 

Сподели на Facebook и Twitter