ОКТОМВРИ, СВЕТСКИ МЕСЕЦ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКАТА 

Раното дијагностицирање значи и преживување во 90% од случаите.

    

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

ОКТОМВРИ, СВЕТСКИ МЕСЕЦ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКАТА 

 Октомври е месец посветен за подигање на свеста за ракот на дојката преку меѓународна здравствена кампања на голем број добротворни организации кои се борат против ракот на дојката, со цел секој октомври да се стави акцент и да се зголеми свеста за болеста, како и да се соберат средства за истражување, превенција, дијагноза, третман и лекување на овој карцином. Кампањата исто така нуди информации и подршка на оние кои се засегнати од рак на дојка. Промоцијата за подигање на свеста вклучува едукација за превенција и лекување, прибирање финансиски средства, истражувања за изнаоѓање лекови,како и подршка за излекуваните и оние кои се во фаза на лекување.  

Терминот „рак“ буди страв, несигурност и апатичност кај лицата кои се соочуваат со оваа болест, а статистиката вели дека: 12% од популацијата ќе заболи од рак од кои 3% од рак на гениталиите , а 3% од рак на дојката. Утешна информација е тоа што половината од заболените од карцином ќе бидат целосно излекувани. Предуслов за излекување е раната дијагностика на оваа болест. 

Како рано да го откриеме ракот на дојката: 

– самопреглед на дојката еднаш месечно 3-5 дена после менструација  

– ехо прегледи кај пациентки до 40 години, еднаш годишно 

– мамографија, рентген снимање кое е доста неинвазивно, односно со мали дози на зрачење, еднаш годишно по 40та година 

Рано дијагностицирање на ракот значи кога големината на туморот не надминува 1см, големина која со детален самопреглед пациентката може да ја детектира и без додатни испитувања. 

Раното дијагностицирање значи и преживување во 90% од случаите. 

Каде се прават пропустите да имаме повеќе од 30% смртност? 

Многу од жените избегнуваат да посетат доктор и кога ќе напипаат тумор, попрво идат на бајачки или ја кријат болеста. 

Што значи единствена можност да бидете излекувани од рак на дојка е редовна самоконтрола (самопреглед) и редовна посета на доктор. 

Сподели на Facebook и Twitter