ОСТЕОПОРОЗА КАКО СИМПТОМ НА ПОСТМЕНО ПАУЗА 

ДВИЖЕЊЕТО И САМО ДВИЖЕЊЕТО ГИ ОДРЖУВА КОСКИТЕ ВО ДОБРА КОНДИЦИЈА. 

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

ОСТЕОПОРОЗА КАКО СИМПТОМ НА ПОСТМЕНО ПАУЗА 

 Почитувани читатели, сите сте слушнале за остеопорозата, а многумина од вас се загрижени од оваа состојба па често барате совети. Инаку ова е меѓу 5те најчести хронични болести каде коските стануваат кршливи, се деформираат па оставаат инвалидитет кој е поголем и од инвалидитетот кај карциномите. 

Самиот назив кажува дека е состојба односно болест, а се случува после 45 – 50 година, што значи е болест на стареење. 

 Отсуството  на хормоните се сметаат за главна причина за порозност на коските, но и прекумерната употреба на лекарства за се и сешто (кои се таложат делумно во коските), прекумерната тежина, преголем стрес, неактивност и невежбање. 

Главни состојки на коските се калциум и фосфор. 

Постојат два вида на клетки во коските остеопласти и остеокласти и тие со нивниот сооднос се одговорни за нормалната градба на коските. 

Како да си помогнете: 

Постои една материја која ќе ви биде од најголема помош во лекувањето и подобрувањето на остеопорозата – БРОМЕЛАИН, ензим кој ја подобрува функционалноста на калциумот и фосфорот. Тоа е материја која ја има во ананасот, а можете да ја најдете и како таблети на пазарот. Не е лек туку е регистриран како додаток на исхраната. Бромелаинот претставува инзвонредна заштита на вашите коски, р’скавица и зглобовите од артроза и болки.Но покрај тоа има инзонреден ефект врз колитистетското варење на храната, ги штити крвните садови, штити од хипертензија, забрзува постоперативно закрепнување, делува антиинфламаторно и антиалергиски, го подобрува имунитетот, се препорачува како додаток на терапија на рак на дојка и дебело црево, па дури и за слабеење.  

Секако за спречување на остеопорозата ќе треба да се внесуваат поголеми количини на витамините Ц, Д, К и Е, како и магнезиум и калциум, а според мене најважна терапија се движење, џогирање, планинарење или само пешачење. 

ДВИЖЕЊЕТО И САМО ДВИЖЕЊЕТО ГИ ОДРЖУВА КОСКИТЕ ВО ДОБРА КОНДИЦИЈА. 

Сподели на Facebook и Twitter