ПОРОДУВАЊЕ СО ЦАРСКИ РЕЗ

Царскиот рез се изведува во општа или поретко лумбална анестезија, каде жената не чувствува ништо, па од тој аспект може да се каже дека имала среќно породување

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Убавите,но понекогаш напорни месеци на бременост се завршуваат со желба да се роди здраво бебе, на добар и лесен начин, надевајќи се дека се ќе помине во најдобар ред за мајката и бебето.  

Секоја мајка породувањето го доживува на свој начин. Понекогаш се јавуваат потешкотии во тој процес па се применува оперативно завршување на раѓањето, со царски рез. 

Повеќето од вас веќе знаете од каде доаѓа називот на оваа операција. Според историски записи од римско време, големиот државник во тоа време Цезар, е првиот што е роден на ваков начин. 

Во превод Цезар би значело „изрежан од стомакот на мајката“. 

Царскиот рез е операција која се изведува во специјализирани болнички установи, каде има кадар и опрема (специјалист гинеколог, специјалист анестезиолог..). 

Последниве години зголемен е бројот на раѓања со царски рез во просек секое четврто дете се раѓа на овој начин, иако СЗО препорачува дека 10-15% е прифатлива бројка, поради компликацијата од операцијата кои се многу побројни отколку кај нормалното раѓање.Кај нас во приватните болници тој процент е скоро половина од породувањата или 50% се со царски рез, бидејќи денешните мајки се почесто бараат вакво породување. 

Пред 35 години во Македонија породувњата со царски рез беа од 3-5%. 

Причините за царски рез се апсолутни и релативни. 25% од породувањата се со ризична бременост и уште 25% ризиците настануваат во текот на породувањето, што само по себе не значи породување со царски рез, бидејќи помалку ризичните раѓања завршуваат со стимулации и провокации со инфузии со помошни зафати со вакуум и фоцепс. 

Како ризични раѓања најчесто се сметаат кога е : 

  • Ненормална положба на плодот во матката како попречна, карлична положба, зафрлена глава на бебето 
  • Не сразмер меѓу бебето и породилните канали, крупен плод, тесна или деформирана карлица на родилката 
  • Близначна или повеќеплодова бременост 
  • Опасни по живот промени во срцевата акција на плодот 
  • Предвремено одлепување на постелката 
  • Испаѓање на папочната врвца за време на раѓањето 
  • Состојба после in vitro оплодување и по предходен царски рез како релативни индикации 

Царскиот рез се изведува во општа или поретко лумбална анестезија, каде жената не чувствува ништо, па од тој аспект може да се каже дека имала среќно породување. 

Но компликациите се 30 пати почести кај мајката и кај плодот по вакво породување и периодот на опоравување што укажува дека оваа операција не е идеална. 

Многу бремени жени се одлучуваат на вакво породување, за кое сум голем противник па мојот апел кон нив е предходно да се  консултираат со својот лекар и информираат од родилките кои се породиле на овој начин. 

Сподели на Facebook и Twitter