ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОРОДУВАЊЕ СО ЦАРСКИ РЕЗ

Компликациите од операцијата во денешно време се сведени на минимум, па царскиот рез не би требало значително да влијае или да го промени животот на родилката

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Во предходниот допис ве информирав околу породувањето со царски рез, кое во последно време е се попосакуван начин на раѓање, занемарувајки ги последиците и компликациите од самиот чин. 

Кои се ризиците од раѓање со царски рез: 

  • Акутна болка по царскиот рез која трае 5-8 дена. По тој период болката се намалува и движењето повторно е возможно. Во тој период на жената и е неопходна помош како за себе така и за новороденчето. 

Иако со напредокот на медицината ризиците се сведени на минимум клучни ризици и компликации се: 

  • Тромбоемболски заболувања (згрутчувања на крвта) 
  • Ризици поврзани со анестезијата 
  • Воспаление и болка на резот 
  • Резот може да биде и естетски проблем 
  • Долготрајно непријатно трнење предизвикано од резот 
  • Отежнато воспоставување приврзаност на мајката со детето – отежнато отпочнување на доењето 
  • Посттрауматски стресни состојби 
  • Неплодност поради озилно ткиво во карлицата  
  • Ризик од појава на ниско всадена постелка во следната бременост 

Како што реков компликациите од операцијата во денешно време се сведени на минимум, па царскиот рез не би требало значително да влијае или да го промени животот на родилката. По периодот на закрепнување и одмор, жената може да се врати на своите редовни активности. Вежбањето треба да се прилагоди кон потребите и можностите како би се зацврстила мускулатурата на стомакот во наредните три месеци. Носење на мидер може да биде потпора на стомакот но тој не е медицински оправдан дури долготрајно може да е штетен бидејќи не дозволува зацврстување на мускулатурата.  

Следната бременост може да се планира по една година и природно раѓање е возможно по предходен царски рез. 

Сподели на Facebook и Twitter