Д-р Ванче Какашевски
Специјалист по гинекологија и акушерство
Чадот од цигарите содржи над 4000 хемикалии меѓу кои цијанид, олово и дури 60 состојки кои предизвикуваат рак.
Кога пушите за време на бременоста, токсините од цигарите навлегуваат во вашиот крвоток, а мајчината крв претставува единствен извор на кислород и храниви материи за бебето. Малото количество на кислород кое е резултат на пушењето, а кое бебето го добива може да има големо влијание врз бебешкиот раст и развој.
Пушењето за време на бременоста дупло ги зголемува шансите за предвремено раѓање на бебето или со помала телесна тежина. Исто така се претпоставува дека децата родени од мајки пушачи имаат за некој степен намален коефициент на интелегенција. Предвремено родено бебе кај овие трудници имаат изразено помала тежина.
Најчесто нивната кожа е премногу бледа и многу лесно може да се видат нивните артерии и вени, и голем број на други карактеристики не се потполно развиени. Што порано ја отстраните таа лоша навика, толку подобро за бебето. Идеално би било со пушење да се престане пред да останете трудни. На тој начин полесно ќе забремените. Но доколку сеуште сте пушач за време на бременоста, веднаш почнете да размислувате за откажување и доколку можете – веднаш прекинете. Ако престанете со пушење, вашето бебето повторно ќе почне да ја добива потребната количина на кислород и неговото развивање нормално ќе продолжи. Веќе на следниот ултрзвук вие ќе може да ја приметите промената во големината на бебето.
Откажувањето од пушење е голем предизвик и тешка и мачна работа, но што поскоро брмената жена мора да се реши на тој чекор. Бременоста претставува најголема мотивација која што можете да ја имате за да престанете со пушењето. Секогаш размислете два пати пред да запалите цигара и пред да го изложите бебето на штетното влијание од никотинот. Најдобро е моментално престанок на пушење, а кај страсните пушачи постои и метод на постепено откажување од пушење, доколку периодот на постепено откажување не е премногу долг.
Доколку престанете да пушите пред 14-тата недела од вашата бременост, пушењето нема да влијае штетно врз здравјето на бебето. Но, ако и понатаму продолжите со пушењето па макар било тоа и една цигара на ден, може да дојде до ситуација бебето да престане да се развива нормално и да расте, како и појава и на голем број други компликации.