СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА НА АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ОДНОСНО МАЛОЛЕТНИТЕ ЛИЦА

Една од шест до десет малолетници имала абортус кажуваат статистиките, проследени со сите негативни физички и психички проблеми кој ги носи овој момент. Бидејќи ова е исклучително битен момент во адолесцентната гинекологија, апелирам до родителите да ги едуцираат своите деца на темата сексуални односи и заштита при истите

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

И покрај укажувњата од стручната јавност кај нас не е воведено сексуално образование ниту во средните ниту во основните училишта, иако едукацијата за репродуктивното здравје и сексуалното однесување на младите е од голема важност. 

Првиот сексуален однос, полово преносливи болести, контрацепција, посета на гинеколог и воопшто разговорот со младите на овие теми и понатаму се табу тема кај поголемиот дел од популацијата. 

Детската и адолесцентната гинекологија бараат посебен пристап и поинаков третман, а сепак малку внимание се посветува на овој проблем на нашите простори. 

Само на гинеколошката клиника во Скопје постои оформена единица која се занимава исклучиво со оваа тематика. 

Засега децата и адолесцентите се препуштени на самоедуцирање преку интернет, другарчиња, а поретко на родителите кои реагираат дури кога ќе дојде до израз некој проблем, 

А кои се проблемите во овој период од животот: 

  • Инфекциите на гениталиите и уринарните патишта и не се некој голем проблем поради лесното дијагностицирање и лекување 
  • Предвремен и задоцнет пубертет со хормонален дисбаланс и не е така ретка појава а претставува сериозно пореметување кое изискува навремено лекување 
  • Болни менструации 

Кое е вистинското време да се дискутира за можните проблеми е дискутабилно и зависи од психичкиот и физичкиот развој на детето, од интересот и сл. Најверојатно тоа треба да биде со почеток на пубертетот. 

Секако дека најделикатна ситуација е  кога родителот ќе се соочи со несакана бременост на своето малолетно дете. 

Една од шест до десет малолетници имала абортус кажуваат статистиките, проследени со сите негативни физички и психички проблеми кој ги носи овој момент. Бидејќи ова е исклучително битен момент во адолесцентната гинекологија, апелирам до родителите да ги едуцираат своите деца на темата сексуални односи и заштита при истите. Евентуално може да побараат совет од лекарите, наставниците и сл. 

Сподели на Facebook и Twitter