ВАГИНАЛЕН ПРОЛАПС

Оваа состојба ретко се повторува ако жената се придржува кон нашите совети

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

Пролапс на матката претставува нејзино спуштање под нејзината положба во малата карлица.Настанува поради слабост на мускулатурата и лигаментите (ципите) на карличното дно кои не пружаат доволно потпора на матката, па доаѓа до спуштање, дури и испаѓање на матката од вагиналниот влез, што е најтежок облик. 

Може да е изолирана или заедно со базата на мочниот меур и предниот вагинален ѕид (цистоцела), или со задниот вагинален ѕид и дебелото црево (ректоцела). 

Причина за оваа појава кај помладите жени се раѓање на крупни деца (тешко и долготрајно раѓање), висока телесна тежина, подигање и носење на терет со оптеретување на карличната мускулатура, оперативни зафати во малата карлица и стомакот кои ја пореметуваат статиката на карличните органи. 

Кај повозрасните жени како причина плус е смаленото производтство на колагени влакна што доведува до опуштање на мускулните влакна и сврзното ткиво. 

Жените најчесто приметуваат отеченост или испапченост во подрачјето на гениталиите, чувство на притисок или тежина, проблеми со мокрењето како несакано испуштање на мокрача при напор, кашлање, почести уринарни инфекции. 

Со преглед визуелно се забележува положбата на матката и вагината, па се утврдува дали станува збор за целосен или делумен спад на матката, за спад на предниот или задниот вагинален ѕид. 

Испаѓањето на матката иако не е можно да се спречи може да се намали ризикот доколку жените се придржуваат на нашите препораки, а тоа се : 

  • Корекција на телесната тежина, (намалување на тежината), избегнување на тешка физичка работа, претешки физички вежби во теретана, кај младите лица. 
  • Препорачуваме да прават вежби за зацврстување на карличната мускулатура т.н. кегелови вежби (погледнете на интернет како се прават) 

Кога ќе дојде до тотален или субтотален пролапс, или не контролирано мокрење, се советува оперативен третман, при што се прават т.н. предна или задна пластика, подигање на вагиналниот ѕид со фиксирање за фасциите и лигаментите на карлицата, поставување на мрежичка и сл. 

Оваа состојба ретко се повторува ако жената се придржува кон нашите совети. 

Сподели на Facebook и Twitter