Жирито на ,, РИТАМОТ НА ЕВРОПА“ воодушевен од пробиштипските млади таленти

Натпреварот го продолжуваат Лука Георгиевски, Калина Кузмановска, Јована Јовановска, Јована Димитриевска и Ана Василева во категоријата танц и Афродитa Гоцева во категоријата вокал.

Денес во кино салата ,,Злетовски рудар“ се одржа аудиција во организација на големото телевизиско музичко шоу ,,Ритамот на Европа“. Пробиштипските млади таленти ги воодушевија организаторите со своите точки, а особен впечаток оставија кандидатите со фантастичните балетски перформанси.
Жири комисијата во состав :

Немања Антониќ, Милан Милинковиќ, Лазар Веселиновиќ и Елена Митева,

имаа навистина тешка задача да одберат кандидати кои ќе го продолжат натпреварувањето, но изборот падна на :

Лука Георгиевски, Калина Кузмановска, Јована Јовановска, Јована Димитриевска и Ана Василева во категоријата танц и Афродитa Гоцева во категоријата вокал.

Тимот на Пробиштип инфо на сите кандидати кои го продолжуваат натпреварот им посакуваат многу среќа .

 

 

Сподели на Facebook и Twitter