АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Црвениот крст на Република Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот земјотрес.

 

Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој на 06 февруари 2023 година ги погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени и човечки загуби. Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот земјотрес. Црвениот крст на РСМ е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и Сириска Арапска Црвена полумесечина, на кои веднаш им беше понудена првична помош. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: – Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија. – како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1. – За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228

 

 

Сподели на Facebook и Twitter