Како помина хуманитарниот турнир во баскет одржан на 13.07.2023

Целиот настан беше организиран од млади амбициозни средношколци со поддршка од младинскиот координатор, токму тие волонтери се пример за своите врсници како треба да го поминуваат своето слободно време како млади активисти кои прават промена во својата заедница.

Младите волонтери од Клуб на млади ООЦК Пробиштип организираа хуманитарен турнир во баскет со цел собирање на парични средства за пружање помош на социјално загрозен сограѓанин со потреба од итна медицинска терапија.

На турнирот учествуваа 6 екипи, а победи екипата на Марко Монев, Драган Јовчевски и Мартин Трајковски.

Како дел од настанот имаше и натпревар во шут за 3 на кој Викторија Панова беше победникот.

Борбата за победа беше следена од голем број на посетители, а за уште подобра атмосфера се погрижија DJ Mazzola & Dj Mana со vinyl set & dj set.

Наградите за победниците беа донирани од  https://instagram.com/podari_kreativnost?igshid=MzRlODBiNWFlZA== (Подари Креативност).

По завршување на натпреварите и доделувањето на наградите се упативме на забава во Berlin Wall Bar повторно со Dj Mana.

Целиот настан беше организиран од млади амбициозни средношколци со поддршка од младинскиот координатор, токму тие волонтери се пример за своите врсници како треба да го поминуваат своето слободно време како млади активисти кои прават промена во својата заедница.

Клуб на млади ООЦК Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter