Тешко повреден возач на мопед на „Киселички мост“

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди,

На 15.08.2023 во 17.23 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на патот Пробиштип-с.Стрмош, на место викано „Киселички мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(33) од с.Стрмош и мопед „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.З.(62) од Пробиштип. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Сподели на Facebook и Twitter