Битни совети за гинеколошко здравје

Совети кои ќе ви помогнат да избегнете многу непријатности

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

  1. Совет: 

 При појава на првите здравствени проблеми најчесто се обраќаме на универзалниот доктор за се, а тоа за жал е интернетот, односно пријателите. Тоа воглавно е погрешен избор кој и најмалата ситница може да ја претвори во состојба опасна по живот. Па затоа докторот е тој кому треба да му се обратите и за навидум мал проблем. 

     2. Совет: 

Многу е важно по напорната физичка работа или по спортување или тренинг, да ја промените испотената, нечиста облека , бидејќи таа е предуслов за предизвикување на габични и бактериски вагинални инфекции. Препорачлива е чиста памучна долна облека. Доколку носите танга, треба да знаете дека може да предизвика иритации и вагинални инфекции, особено ако е од синтетички материјал. Ако веќе сте љубител на танга, носете ги во специјални прилики и тоа што пократко. 

      3.Совет : 

Не го занемарувајте болниот сексуален однос. Ако е во континуитет одреден период, задолжително обратете се на гинеколог, бидејќи тој симптом може да укажува на повеќе заболувања. 

  1. Совет:

Многу жени на своја рака се решаваат да го лекуваат вагиналното чешање, земајќи вагиналети или креми против габички. Употребата на вакви препарати може да ги зголеми симптомите, бидејќи вакви симптоми не се резултат само на вагинални габични инфекции.  

  1. Совет:

Доколку имате обилно крварење, тоа може да е симптом на сетиозно вагинално заболување како на пример бенигни тумори или карциноми, иако најчесто станува збор за хормпнални пореметувања кои не се опасни.  

Сподели на Facebook и Twitter