КОНТРАЦЕПЦИЈА

Носете постојано со себе резервен кондом и слободно препуштете им се на летните авантури.

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

 Во денешно време достапни се разни методи на контрацепција, а се разликуваат по ефикасноста, сигурноста, пристапноста и начинот на употреба, во зависност од потребата и желбата на жената и нејзината здравствена состојба. 

 Што е контрацепција и какви методи постојат: 

 Под поимот контрацепција се подразбираат сите методи и средства кои спречуваат забременување. 

  1. Природни методи на контрацепција се:  

– календарската метода, односно сметањето на плодни и неплодни денови ( најнесигурна метода поради непредвидливоста на плодните денови) 

-прекинат однос, односно ејакулација. Овој метод е најраспространет според моето професионално искуство  

     2.Механичка метода:  

– кондом- како најраспространет метод 

– женски кондом 

– дијафрагма 

– интраутерина спирала 

  1. Хемиски методи- спермициди:

  – ова се средства во вид на пена кои ги уништуваат сперматозоидите 

  1. Хормонска метода:
  • орална контрацепција (во вид на таблети) и долготрјна хормонска контрацепција  (ампуларна или во вид на фластери) 
  1. Трајна контрацепција- машка или женска:
  • стерилизација како најчеста 
  • Артифициелен абортус ( некои автори го сметаат како метод на контрацепција) , а е најлоша и најризична метода 

Летото е период кога луѓето се поопуштени и почесто се впуштаат во сексуални авантури, особено помладите, па да ги изанализираме најпогодните методи, особено за лицата кои почесто ги менуваат сексуалните партнери.  

Најпогодни методи за контрацепција во случај на ваков стил на живот се: 

  • кондомот, кој освен што спречува забременување штити и од многу сексуално преносливи болести. Одсуството на задоволство е мана која ја наведуаваат партнерите, а освен тоа, кондомот може да склизне или да се оштети, па овој метод на контрацепција е поризичен за разлика од останатите 
  • оралните контрацептивни таблети се соодветни за лица што имаат почести сексуални односи. Недостаток на оваа метода е што не штити од сексуално преносливи болести, но погодна е за стабилни врски поради тоа што овозможува поголем степен на задоволство 
  • интраутерната спирала е метода која ја избираат не само жените кои завршиле со раѓање, туку и во предбрачни состојби, бидејќи е најсигурна и најевтина метода, а ја советувам особено кај жените кои често забременуваат непланирано. 

Сепак за младите жени кои се склони на авантури, мој совет е како метод на зажтита да се избере кондомот. И за жените и за мажите важи правилото-  

СЕКОГАШ ВО ЧАНТИТЕ ИМАЈТЕ РЕЗЕРВЕН КОНДОМ !!! 

Сподели на Facebook и Twitter